Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Kings 11

:
Macedonian - 2006
1 Готолија, мајката на Охозија, ко­га виде дека синот нејзин умре, стана и го истреби сиот царски род.
2 Но Јехошева, ќерката на царот Јорам, сестра на Охозија, го зеде Аха­зиевиот син Јоас и го украде од убиваните царски синови, заедно со неговата доилка, и ги сокри од Готолија во спалната. Така тој не беше убиен.
3 И го криеја со неа во Господовиот дом шест години, а во тоа време Гото­лија царуваше над земјата.
4 На седмата година Јодај испрати да ги повикаат началниците на царската гарда и телохранителите, ги доведе кај себеси во домот Господов, склучи со нив сојуз, ги заколна во домот Господов и им го покажа царскиот син.
5 Тој им заповеда, велејќи: „Еве што ќе направите: едната третина од вас што доаѓа на служба во сабота, ќе стои на стража кај царскиот дом;
6 другата третина кај Сурските Пор­ти; и третата третина кај портите зад телохранителите, и ќе стоите на стража во домот за да не стане насилство.
7 И два одреда од вас, од сите што си одат од служба во сабота, ќе стојат на стража кај домот Господов, околу царот;
8 и опколете го царот од сите страни, секој со оружјето свое в рака; секој што ќе влезе во редовите, да биде убиен; и бидете кај царот, кога излегува и кога влегува.“
9 Стотниците направија сѐ што заповеда свештеникот Јодај; секој ги зеде луѓето свои што доаѓаа на служба во сабота и кои се враќаа од служба во сабота, и дојдоа кај свештеникот Јодај.
10 И свештеникот им ги раздаде на стотниците копјата и штитовите на царот Давид што се наоѓаа во домот на Господ.
11 И застанаа телохранителите, секој со оружје в рака, од десната страна на домот до левата страна на домот кај жртвеникот и кај домот, околу царот.
12 Тогаш Јодај го изведе царскиот син, му стави царски венец и украси, го зацарија, го помазаа, ракоплескаа и извикуваа: „Да живее царот!“
13 Кога Готолија го слушна гласот на растрчаниот народ, отиде кај народот во домот Господов.
14 А таму: ете, царот стои на повисоко место, според обичајот, и пред царот заповедниците и свирачите. Сиот народ на земјата се весели, и трубат со труби. Готолија ја раскина облеката своја и извика: „Предавство, предавство!“
15 Свештеникот Јодај им заповеда на заповедниците над војската, и им рече: „Изведете ја надвор од редовите, а кој ќе тргне по неа, убијте го со меч!“ Свештеникот мислеше да не ја убијат во домот Господов.
16 Ѝ направија место и таа мина низ коњскиот влез за царскиот двор и таму беше убиена.
17 И Јодај направи завет меѓу Господ, меѓу царот и народот, тие да бидат народ Господов.
18 Тогаш сиот народ отиде во домот на Ваал, ги срушија жртвениците не­гови, и идолите негови сосема ги униш­тија, а Вааловиот жрец Матан го убија пред жртвениците. И свеш­теникот постави стража над домот Господов.
19 И ги зеде стотниците, и телохра­нителите, и брзоодците, и сиот народ од земјата, и го придружија царот од до­мот Господов, и отидоа по патот низ телохранителските порти во царскиот дом; и тој седна на царскиот престол.
20 Сиот народ на земјата се веселеше, и градот се успокои. А Гото­лија ја убија со меч во царскиот дом.